Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја победија Селта со 1:0 на „Метрополитано“ во 35.коло од Ла Лига.
Херој во победата на Атлетик беше Родриго Де Пол, кој во финишот, во 84.минута, постигна еврогол за три бода со кои „јорганџиите“ веројатно го обезбедија пласманот во Лигата на шампионите. Ова беше 400. триумф на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, во Ла Лига.
Атлетико доминираше во текот на целиот натпревар, но имаше проблем со реализиацијата.
На голотна Селта блескаше Гуаита, кој имаше седум интервенции.
Селта единствената шанса за гол ја имаше во 59. минута кога ударот на Јаго Аспас спектакуларно го одбраи Јан Облак.
Атлетико на четвртото место има 70 бодови, осум повеќе од Атлетик Билбао, додека Селта е 16. со 34 бодови, пет повеќе од Кадиз кој е првиот тим под цртата.