Top Sport

(Видео) Прва победа за Евертон во Премиер лигата

Фудбалерите на Евертон, во шестото коло, ја забелжаа првата победа во Премиер лигата оваа сезона. Во Лондон, Евртон го победи Брентфорд со 3:1.

Евертон поведе во 6. минута по центаршут, Тарковски со глава ја испушти топката, а Дукуре спроведе во голот за 1:0.

„Карамелите“ имаа две добри шанси да го зголемат водството, но им недостигаше малку поголема прецизност.

Брентфорд ги искористи овие грешки, па стигна до израмнување во 28. минута по прецизниот удар на Џенсен, топката се одби од стативата и заврши во голот.

Ново водство на Евертон му донесе Тарковски кој беше највисок во скокот по корнерот на Мекнил.

Во 71. минута Калверт Лувин постигна гол за 3:1, по додавањето од Гарнер со што стави точка на натпреварот.

Scroll to Top