Top Sport

(Видео) Киксот на Шчесни го најави поразот на Јуве, Гати си постигна бизарен авто-гол

Фудбалерите на Јувентус го доживеаја првиот пораз оваа сезона во Серија. Црно-белите од Торино се поразени со 4:2 од Сасуоло во Реџо Емилија.

Јувентус нешто одигра само во првите 10 минути. Целосно потоана по 12.минута кога Шчешни лошо интервенираше по ударот на Арман Лоријен.

На „Старата дама“ не и требаше долго да израмни. По центаршут од левата страна, несмасно во својот шеснаесетник беше Матеус Виња, кој ја испрати топката во сопствената мрежа.

Јувентус продолжи да напаѓа, но тие напади беа лоши и не толку организирани, Јуве наликуваше на оној тим од минатата сезона кој немаше решение како да ја пробие ниската зона на противникот.

Доменико Берарди во 41.минута му ја врати предноста на Сасуоло.

Вториот дел целосно им припадна на играчите на Сасуоло, кој промашија неколку изгледни шанси. Промашувањата на домашните ги казни Федерико Киеза кој погоди во 78. минута за 2.2.

Надежта дека Јуве може да остане непоразен ја згасна Андреа Пинамонти, кој по лошата интервенција на Војчех Шчесни се најде на вистинското место и со глава ја испрати топката во мрежата.

За комплетирање на катастрофата за Јувентус, Федерико Гати си постигна бизарен автогол.

Foto/ EPA

Scroll to Top