Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски спектакл во Лигата на шампионите, а актуелните европски шампиони го победија тимот на Ханси Флик со 4:2. Ова е воедно и прв пораз на Барселона од почетокот на сезоната. Каталонците успеаја двапати да се вратат во натпреварот, но Парижаните ја покажаа својата моќ и не дозволија гостинот непоразен да замине од „Паркот на принцовите“.

Од самиот почеток, ПСЖ наметна висок ритам и им создаде проблеми на гостите со агресивен пресинг. Хвича Кварацхелија погоди стативата во втората минута минута, а домаќините продолжија да ја притискаат одбраната на Барселона. Иако Каталонците успеаја да воспостават рамнотежа во поседот, Парижаните беа поконкретни пред голот и почесто го принудуваа Жоан Гарсија да интервенира.
Притисокот на домашните се исплатеше во 38-та минута. По изгубената топка на Ламин Џамал, Жоао Невес ја започна акцијата, а Дезире Дуе се ослободи од својот чувар и го совлада Гарсија со прецизен удар за 1:0.
Голманот на Барселона имаше полни раце работа во текот на првото полувреме и го спречи домашниот тим да добие уште поубедлива предност.
Во продолжението, Барселона покажа карактер и одговори на притисокот. Во 55-та минута, Фермин Лопез го пронајде Чави Еспарт, кој ја затресе мрежата со прецизен удар и го израмни резултатот на 1:1. Младиот фудбалер го одбележа својот настап со гол во важен европски натпревар.
Сепак, Пари Сен Жермен не им дозволи на гостите долго да уживаат во нерешениот резултат. Во 72-та минута, по корнерот изведен од Дуе, Лукас Ернандез беше највисок во скокот и со глава ја закова топката во голот на Барселона за 2:1.
Барселона не се предаде ни тогаш. Само неколку минути подоцна, во 79-та минута, Ламин Јамал повторно ја затресе мрежата на Парижаните со одличен потег во блискиот агол и врати неизвесност во играта. Резултатот беше 2:2, а завршницата ветуваше нова драма.
Сепак, само две минути подоцна дојде уште еден удар за каталонскиот тим. Во 81-та минута, Витиња ја со гради си ја спушти топката и од 16 метри погоди за 3:2, а Фабијан Руиз стави крај на натпреварот со гол во 86-та минута.
Резултати:
Манчестер Сити – АЕК 5:1 (Андерсон 12′, Фоден 34′, 65′, 76′ Черки 57′ / Пилиос 52′)
Рома – Слован 4:0 (Хермосо 21′, Молина 39′, Писили 52′, Мален 58′ – 11 м.)
Порто – ПСВ 0:1 (Тил 57′)
Ливерпул – Виљареал 4:3 (Мак Алистер 36′, 65′ Араухо 45+2′, Вирц 68′ / Микаутадзе 4′, Кардона 29′, Олувасеи 87′)
Штутгарт – Атлетико Мадрид 1:1 (Левелинг 36′ / Алварез 47′)
Наполи – Бодо/Глимт 4:2 (Политано 1′, Мектоминај 41′, 75′, Бјортуфт 88′ – аг / Хауге 27′, Хелмерсен 62′)
