Top Sport

(Видео) Славија го шокира Фенербахче во 90-та минута, Дортмунд победи во Баку

Фенербахче и Славија Прага одиграа без победник 2:2, а Борусија Дортмунд во Азербејџан го победи Сабах со 2:1, во воведните натпревари од третото коло, во Лигата на шампионите.

Фенербахче, по дебаклот во минатото коло од Астон Вила, пораз со 6:0, доживеа уште еден нокаут. На домашен терен „канаринците“ не успеаја да ја победат Славија и покрај тоа што водеа со 2:0 по само 11 минути игра.

Два прекрасни гола постигнаа Ајдин во четвртата и Гринвуд во 11-та минута. Славија во мечот се врати во големата грешка на Гендузи, по која Провод го намали резултатот во 15-та минута.

Вториот дел во целост и припадна на Славија. Чесите напаѓаа, а Фенер шансите реши да ги бара во брзата транзиција. Таквата определба ги чинеше домашните фудбалери. Во 90-та минута резервниот играч Качор, извонредно реагираше пред голот на Едерсон и го постави конечниот резултат.

Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Сабах во Баку со 2:1, благодарение на Серу Гираси.

Дортмунд го наметна ритамот од самиот почеток и поведе во десеттата минута. Голманот на Сабах, Стас Покатилов, не успеа да го скроти ударот на Феликс Нмеча, а Гираси налета на одбиената топка и ја затресе мрежата.

Гостите продолжија да се закануваат, но Сабах постепено го подигна нивото на игра. Домашниот тим славеше во 30-та минута кога Џои Ленс Микелс, постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд. Сепак, Сабах стигна до полувремето на 1:1, откако Аден Мекарти со глава погоди по слободниот удар на Пухач.

Дортмунд ја врати контролата во вториот дел. Верман центрираше кон втората статива, каде што Гираси ја испрати топката во мрежата со волеј и им даде нова предност на гостите.

До крајот, двата тима имаа можности да постигнат гол, но Дортмунд ја задржа минималната предност и забележа важен триумф.

Сабах, го претрпе првиот пораз дома во европските натпревари оваа сезона, откако претходно забележа пет победи.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');