Фудбалерите на ПСЖ прв пат во клупската историја ја освоија титулата во Лигата на шампионите. „Светците“ во финалето, во Минхен, го декласираа Интер со 5:0 (2:0). Мечот го обележа најмладиот играч на ПСЖ, Дезире Дуе со два гола и една аситенција.
ПСЖ во своето второ финале успеа да дојде до првата титула во клупската историја. Симоне Инзаги, неговата тактика посебно ќе се анализира и неговите играчи едноставно не се „појавија“ на теренот во Минхен.
Дека на Интер лошо му се пишува беше јасно по само 20 минути игра. Два пати лошо реагираше Димарко, им овозможи на Хакими, а потоа и на Дуе да го совладаат Сомер. Интер имаше шанса во 36.минута, но Тирам од пет метри со глава биеше крај голот.
Финалето практично беше решено во 64.минута кога Дуе со својот втор гол зголеми на 3:0. Девет минути подоцна Кварацхелија четврти пат го совлада Сомер, а точка на натпреварот стави Мају, кој на теренот влезе во 84. а голот го постигна во 87.минута
Од 1962 година не се случило еден тим во финалето да постигне пет гола.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике му се придружи на Пеп Гвардиола како единствен тренер кој успеал два пати да ја освои тројната круна.
Енрике влезе во друштвото на тренерските великани како седмиот човек што го освоил европскиот трофеј со повеќе клубови, им се придружи на Карло Анчелоти, Ернст Хапел, Јуп Хајнкес, Отмар Хицфелд, Жозе Мурињо и Гвардиола.