Баерн Минхен е на работ да ја загуби шампионската титула во Германија за првпат по 2012 година. Во претпоследното коло во Бундеслигата, Баварците на свој терен загубија од третопласираниот Лајпциг со 1:3 и со тоа и дозволија на Борусија Дортмунд денеска да го заземе првото место.
Ова толку многу ги вознемири навивачите на Баерн што го напуштија стадионот пред крајот на натпреварот.
Борусија Дортмунд има бод помалку од Баерн, но и натпревар помалку, а денеска гостува кај Аугсбург, клуб кој се бори за опстанок.
Во последното коло Баерн гостува кај Келн, а Борусија Дортмунд го пречекува Мајнц.
„Милионерите“ ќе бидат шампиони ако победат во последните две кола, а во случај на ист број бодови шампион ќе биде Баерн Минхен поради многу подобрата гол-разлика.
Bayern fans leaving the stadium in droves before the end of their game vs Leipzig
by u/Hic_Forum_Est in soccer