Top Sport

(Видео) Родри „поцрвене“ прв пат во кариерата

Манчестер сити го задржа максималниот ефект во Премиер лигата. „Граѓаните“ во шестото коло, со ирач помалку, го победија Нотингем Форест со 2:0.

На почетокот на второто полувреме, директен црвен картон доби еден од најдобрите играчи на Сити, Родри.

Шпанецот беше во дуел крај аут-линијата со Морган Гибс-Вајт. Најпрвин започнаа вербална пресметка, а потоа Родри го фати за врат Гибс-Вајт кој падна на теренот.

Судијата Ентони Тејлор му покажа директен црвен картон. Одлуката не ја смени и откако ја прегледа снимката. Гибс-Вајт доби само жолт картон.

Интересно Родри прв пат во кариерата доби директен црвен картон.

Scroll to Top