Top Sport

(Видео) Родриго со два гола му пресуди на Атлетик Билбао

Реал Мадрид го победи Атлетик Билбао со резултат 2:0. Ова е 98.победа на Реал во меѓусебните дуели со Атлетик.

Двата гола за Реал ги постигна Родриго Гоес, во 8. и 73. минута.

Првиот гол Бразиелцот го постигна по прекрасна соло акција. Реал можеше да го удвои водството на крајот од првото полувреме – Белингем нафрли, но топката не стигна до Брахим Дијаз во шеснаесетникот. Неколку секунди подоцна, Аурелиан Чуамени упати опасен удар со глава но топката помина покрај стативата.

Ињаки Вилијамс имаше шанса да израмни во 52. минута, но Лунин го одбрани неговиот удар.

Вториот гол беше сличен на првиот, иако Родриго имаше многу повеќе простор и по асистенцијата на Џуд Белингем исфрли од игра двајца дефанзивци на Атлетик и лесно го совлада голманот Агирезабала.

На две минути до крајот на мечот во игра влезе Едер Милитао, кој поради повредата на лигаментите не играше седум и пол месеци.

Scroll to Top