Top Sport

(Видео) Роналдо на партија падел во Сингапур

Веднаш по крајот на сезоната во саудиската лига, Кристијано Роналдо почна со својата летна турнеја низ светот, со посета на неговиот близок пријател, милијардерот Петер Лим (инаку газда на Валенсија), гостувајќи во Сингапур на партија падел.

Падел, или понекогаш наречен падел-тенис, е спорт со рекети кој претставува еден вид на мешавина на тенис и сквош и се игра на помали заградени терени. Системот на бодување е ист како во тенисот, но правилата и техниката на игра се поинакви – може да се игра од ѕидот, а се користат рекети без мрежи.

Роналдо и Ал-Наср ја загубија саудиската титула, но тој веднаш по крајот на сезоната ги демантираше шпекулациите дека сака да замине од Саудиска Арабија.

Scroll to Top