Top Sport

(Видео) Роналдо одби да одговара за Меси: Само вода!

Кристијано Роналдо не беше расположен да одговара на прашања за Лионел Меси и одлуката на Аргентинецот да одбие трансфер во Саудиска Арабија и да се пресели во МЛС лигата.

Роналдо го промовираше неговиот нов бренд на флаширана вода, кога беше прашан за тоа што Меси се реши да потпише за Интер Мајами.

„Не сакам да зборувам за фудбалот, само вода! Сите најдобри се добродојдени во Саудиска Арабија. Тука немаме никакви проблеми со лигата“, одговори Роналдо.

Scroll to Top