Top Sport

(Видео) Рубен Дијаш се однесува како личен телохранител на Роналдо

Мечот во вторникот во Рејкјавик помеѓу Исланд и Португалија беше посебен за Кристијано Роналдо, бидејќи беше рекорден 200. меч во репрезентацијата, а покрај тоа тој постигна и гол во 89. минута кој по ВАР проверката донесе 0:1 победа за Португалија.

Но, додека траеше проверката кај ВАР-системот, еден навивач се обиде да влез на теренот да пријде до Роналдо, но дефанзивецот на Манчестер сити, Рубен Дијаш реши да се однесува како телохранител и го „суреди“ навивачот, пред обезбедувањето да го реши проблемот.

Scroll to Top