Top Sport

(Видео) Салах го помина Џерард, победи за Ливерпул, Брајтон и Брентфорд

Мохамед Салах по деветти пат му даде гол на Борнмут во девет меча, за да ги предводи „црвените“ до 3:1 победа по хаотичниот старт, Брајтон покажа заби со 4:1 победата на гости кај Вулврхемптон, додека Фулам по заминувањето на Александар Митровиќ имаше болен 0:3 пораз од Брентфорд во второто коло од Премиерлигата.

Почетокот на мечот на „Енфилд“ не беше најдобар. По серија грешки на одбраната, Антоан Семејо во третата минута од мечот постигна убав гол со удар меѓу нозе на Виргил ван Дајк за 0:1. Луис Дијаз ги врати Ливерпул во игра во 28. минута со убав гол, пред во 37. минута да биде досуден пенал за домаќините. Првиот удар на Салах не беше прецизен, но тој одбиената топка ја смести во голот за свој 187. гол за Ливерпул, со што го помина легендарниот поранешен капитен, Стивен Џерард на петтото место на вечната листа на „црвените“.

Почетокот на второто полувреме пак не започна најдобро за Ливерпул со црвен картон за Алексис Мекалистер по еден невнимателен старт. Меѓутоа, Диого Жота успеа во 68. минута да го постигна и третиот гол за прва победа за тимот на Јирген Клоп оваа сезона.

Брајтон, пак, повторно покажа дека е сериозен кандидат да биде најпријатното изненадување во лигата со убедливата 4:1 победа на гости кај Вулфс. Каору Митома со фантастичен гол во 15. минута донесе предност за гостите, по што на почетокот на второто полувреме, Митома му асистираше на Еступињан за 0:2 во 48. миута, за Марч да постигне два гола во 51. и 55. минута за 0:4 водство!

ПРЕМИЕРЛИГА, 2.КОЛО
Ливерпул – Борнмут 3:1
Вулверхемптон – Брајтон 1:4
Фулам – Брентфорд 0:3

Scroll to Top