Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се здоби со посериозна повреда и беше изнесен на носилки од теренот на натпреварот меѓу Абердин и Сент Мирен од шкотското првенство. Над него грубо стартувал противничкиот играч Тиери Смол, а напаѓачот останал на тревникот и побарал медицинска помош.
По ова, Бојан Миовски на носилки е изнесен на теренот во 34.минута од мечот, а допрва ќе се утврдува нивото на повредата.
Foul on Miovski… pic.twitter.com/Qp2PwyJ7mL
— j 🇦🇹 (@thesheep1903) May 24, 2023
Ова може да биде сериозен проблем и за селекторот Благоја Милевски во пресрет на квалификациски натпревари на македонската репрезентација против Украина и против Англија во средината на јуни.