Top Sport

(Видео) Селекторот на Луксембург не можеше да гледа како се резилат неговите фудбалери

Несекојдневен резултат беше забележан во понеделникот вечерта, кога Португалија во квалификациите за Европското првенство го понижи Луксембург со резултат 9:0.

Разликата во квалитет е голема, но Луксембург во последните години успева да се издигне над маргиналните селекции кои служат за подобрување на гол-разликата.

Луксембург игра добро во актуелните квалификации, славеа победа во Зеница над Босна и Херцеговина, дома го победија Исланд, но на стадионот „Алгарве“ во градот Луле, доживеаја дебакл против една од најдобрите светски селекции.

Покрај резултатот, натпреварот го обележа и реакцијата на селекторот на Луксембург. Лук Холц.

Кога Португалеците го постигнаа осмиот гол во 83. минута, Холц демонстративно ја напушти клупата. Не можеше да го гледа понижувањето на своите избраници.

Португалија тука не застана, туку го постигна деветиот гол во 88. минута за најубедлива победа во квалификациите за ЕУРО кои се во тек.

Да потсетиме, Инасио и Рамос погодија двапати во првото полувреме, Жота постигна уште два, а Хорта, Фернандез и Феликс по еден во вториот дел.

И покрај понижувачкиот пораз, Луксембург ги задржа шансите за освојување на второто место во Ј-групата. Луксембург на третото место има три бода помалку од Словачка, а четири повеќе од БиХ и Исланд. На врвот, по шест кола во оваа група е Португалија со шест победи.

Scroll to Top