Фудбалерите на Баерн, во генералната проба пред стартот на сезоната во Бундес лигата, во Унтерхахинг го совлада Монако со 4:2.
Натпреварот не започна добро за Баерн бидејќи Монако поведе во 29. минута со голот на поранешниот играч на Салцбург и Ливерпул, Такуми Минамино.
Предноста на францускиот тим траеше само две минути пред Лејмер да израмни во 31. минута. До полувремето Баерн имаше два гола предност. Мусијал погоди во 42. минута, а Гнабри во втората минута од судиското надополнување од белата точка.
Jamal Musiala makes 2-1. Bayern Munich lead vs AS Monaco.pic.twitter.com/nEZySVPnfl
— $ (@samirsynthesis) August 7, 2023
Во продолжение тренерот на Баерн Томас Тухел им даде шанса на резервите, па влегоа Де Лихт, Сане, Станишиќ, Упамекано, Гравенберх. Монако од пенал преку Бен Једер намали на 3:2, а Лерој Сане го постави конечниот резултат.
🚨🔴| GOAL: Gnabry scores against Monaco!
Bayern 3 – 1 Monaco
— GOALSbible (@goalsbibletv) August 7, 2023