Top Sport

(Видео) Совршено бундеслигашко деби на Кејн – гол и асистенција за победа над Вердер

Германскиот шампион Баерн Минхен со победа означи старт на новата сезона во Бундеслигата, откако тимот на Томас Тухел освои 4:0 победа на гости кај Вердер Бремен во меч во кој блесна најскапото засилување во историјата на клубот, англискиот голгетер Хери Кејн.

Откако влезе во игра и не успеа да помогне Баерн да го освои Германскиот куп против РБ Лајпциг, англискиот напаѓач беше стартер против Вердер за „поправен“ испит. Тој не чекаше долго и во 4. минутат му асистираше на Лирој Сане за рано водство, за потоа во второто полувреме во 75. минута да го забележи и својот прв гол по асистенција на Алфонсо Дејвис.

На 3:0 зголеми Сане со уште еден гол, откако Кејн беше повлечен од игра во 84. минута од мечот, по што Матис Тел во 94. минута ги постави конечните 4:0 за убедлив старт на сезоната.

Scroll to Top