Top Sport

(ВИДЕО) Столе Димитриевски дојде во дрес на Буфон пред мечот со Италија

Фудбалската репрезентација на Македонија од денеска е на собир во пресрет на натпреварите против Италија (9.септември) во Скопје и против Малта (12. септември) во Ла Валета. Со надеж дека резултатите ќе бидат подобри од минатиот мини циклус, селекторот Благоја Милевски ги пречека репрезентативците.

Интересен беше стајлингот на голманот Столе Димитриевски кој дојде облечен во голмански дрес на Џанлуиџи Буфон, легендарниот италијански чувар на мрежата, кој неодамна стави крај на кариерата и сега ќе биде тим-менаџер на националниот тим на „аѕурите“.

Scroll to Top