Стразбур изведе спектакуларен пресврт против Мајнц за пласман во полуфиналето, во Конференциската лига, каде од вечерва се уште Шахтјор, Рајо Ваљекано и Кристал Палас.
Фудбалерите на Стразбур, со брилијантна игра ја надоместија негативата од два гола од Германија. Французите во реваншот го победија Мајнц со 4:0.
Домашниот тим ја анулира таа негатива веќе во првото полувреме. Поведе со голот на Себастијан Нанаси во 26-та, а ја дуплираше предноста со голот на Абдул Уатара во 35-та минута.
Во второто полувреме, прво Емануел Емега, кој штотуку влезе во игра, промаши пенал. Но, само три минути подоцна, Хулио Енсисо го постигна третиот, а потоа му асистираше на Емеги за четвртиот гол.
Блиску до сензацоја беа и фудалерите на АЕК. Нивните надежи дека ќе надополнат минус од три гола против Рајо Ваљекано ги урна капитенот на шпанскиот тим, Изи Паласон во 80-та минута.
Претходно АЕК ја анулира предноста на Шпанците со головите на Зини во 13-та и 51-та, односно Марин од пенал во 36-та минута.
Фиорентина одигра за чест и славеше со 2:1 над Кристал Палас. Гостите дојдоа во Фиренца со предост од три гола, а ја зголемија во 17-та минута кога Сар го постигна првиот гол.
До крајот „Виола“ постигна два гола преку Гудмунсон во 30-та и Ндур во 53-та минута.
Полуфинале натпревари ќе се одиграат на 30 април и 7 мај: Шахтјор – Кристал Палас и Рајо Ваљекано – Стразбур.
Финалето е на 27 мај на „Ред Бул Арена“ во Лајпциг.
Foto/ EPA
