Менаџерот на Хартс, Дерек Мекинс, изјави дека неговиот тим е „сам против сите“ откако контроверзниот пенал во 99-та минута му донесе победа на Селтик, против Мадервил и ги остави во игра за титулата во шкотската Премиер лига пред последното коло.
Во натпреварот што доведе до драматичен расплет, Мадервил имаше 2:2 во судиското продолжение, но тогаш по интервенцијата на ВАР и одлуката на судијата Џон Битон, Селтик доби пенал за победа.
Судијата на ВАР, Ендру Далас, го повика судијата да го погледне видеото, по што беше досуден пенал, кој Келечи Ихеаначо го претвори во гол за 3:2 и голема прослава за клубот од Глазгов.
Мекинс беше бесен на одлуката по натпреварот.
„Штом ќе чуете дека во 96-та минута има пенал за Селтик и оди на ВАР, веќе знаете што ќе се случи. Штета. Ние сме против сите“, рече Мекинс.
Ситуацијата беше дополнително влошена од фактот што бројни аналитичари и поранешни судии беа поделени околу одлуката – додека некои тврдат дека станува збор за играње со рака, други веруваат дека нема докази за да биде досуден пенал.
Поранешниот напаѓач на Англија, Гари Линекер, рече дека тоа е „една од најлошите одлуки за ВАР што ги видел“, додека поранешните судии во Шкотска истакнаа дека немало „јасен и очигледен“ прекршок.
Од друга страна, менаџерот на Селтик, Мартин О’Нил, и дел од стручната јавност веруваат дека одлуката е правилна.
CORRUPTION IN SCOTLAND❌🏴
CELTIC HAVE JUST BEEN GIVEN A PENALTY IN THE 93RD MINUTE FOR THIS?!😡🤬
Heartbreaking for Hearts💔 pic.twitter.com/B79pMZtsl2
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) May 13, 2026
Поради оваа казна, трката за титулата ќе биде решена во последното коло, во директен дуел меѓу Селтик и Хартс. сега оди во последното коло, каде што Хартс. Доколку дуелот Мадервил – Селтик завршеше 2:2, на Хартс, во сабота ќе му беше доволен и пораз со два гола разлика од Селтика за да ја освои првата титула по шест децении.
Последниот пат кога тим надвор од Глазгов ја освои титулата шампион на Шкотска беше во 1985 година, кога Абертин, предводен од Алекс Фергусон, го направи тоа.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, свика вонредна п
