Top Sport

(Видео) Украинците ја „стопираа“ Франција за полуфинале на ЕП до 19 години

Украина стигна до фантастична 3:1 победа над Франција во четврт-финалето на Европското првенство до 19 години, обезбедувајќи дуел со Шпанија за финале. Во второто полуфинале ќе играат Англичаните, кои со 1:0 ја совладаа Португалија и Израел, кои со 2:1 ги победија Грузијците.

Ѕвездата на Лион, Рајан Шерки ги донесе фаворизираните Французи во водство во 19. минута, но Украинците направија пресврт до крајот на полувремето. Во 32. минута од мечот, Георгиј Судаков од пенал израмнува, за во 44. минута, Михајло Мудрик да му асистира на Судаков за целосен пресврт. Артјом Бондаренко во 86. минута ја потврди победата на Украина.

Scroll to Top