Top Sport

Киријос се повлече од Вимблдон

Ник Киријос нема да настапи на најголемиот тениски турнир во светот, Вимблдон. Австралиецот, кој минатата сезона загуби од Новак Ѓоковиќ во финалето, поради повреда реши да се повлече од третиот грен слем во сезоната.

Австралиецот изминативе месеци имаше проблеми со повредата на стапалото, сега го мачи зглобот.

Тој беше опериран во јануари, а оттогаш се појави само на турнирот во Штутгарт.

Во меѓувреме се откажа од неколку подготвителни турнири, последниот во Мајорка, за да си даде време да се опорави, но очигледно тоа не беше доволно.

Во костурот Киријос се наоѓаше во делот каде што е Новак Ѓоковиќ, нивниот дуел беше проектиран во четврт-финалето.

Тој требаше да игра против Белгиецот Давид Гофан во првото коло.

Scroll to Top