Top Sport

(Видео) Ултрасите на Фиорентина се судрија со навивачите на Вест хем

Пред вечерашното финале од Конференциската Лига Европа, чешката полиција во Прага има многу работа, и иако беа ангажирани над 20.000 полицајци, тие беа немоќни да ги сопрат судирите помеѓу ултрасите на Фиорентина и навивачите на Вест хем, предизвикувајќи повеќе инциденти.

Ултрасите на италијанскиот клуб нападнаа еден паб во кој се собираа фановите на Вест хем, создавајќи вистински хаос во градот, по што чешката полиција потврди дека дел од нив се веќе уапсени.

Според чешките медиуми во градот пристигнале над 20.000 навивачи на „чеканите“, од кои повеќето се без билети за натпреварот.

Scroll to Top