Top Sport

Една година по страшната повреда, Зверев се врати во полуфиналето на Ролан Гарос

Александер Зверев повторно е во полуфиналето на Ролан Гарос, една година по страшната повреда на скочниот зглоб токму на земјените терени во Париз, иако пристојно се намачи против Аргентинецот Томас Мартин Ечевери, победувајќи го со 6:4/3:6/6:4/6:4 по 3 часа и 25 минути.

Германскиот тенисер минатата година не го доигра полуфиналето против Рафаел Надал добивајќи повреда на скочниот зглоб која го оддалечи од терените повеќе месеци, за една година подоцна целосно да се рехабилитира и сега да го чека подобриот од мечот помеѓу нордиските ривали Холгер Руне и Каспер Руд како противник во борбата за финале.

Во второто полуфинале веќе се пласираа светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз, како и освојувачот на рекордни 22 гренд слем титули, Новак Ѓоковиќ.

Scroll to Top