Top Sport

(Видео) Ултрасите на Милан го „охрабрувале“ тимот, не се заканувале

Ултрасите на Милан ги повикаа сите навивачи на „росонерите“ да се појават на тренингот на клубот пред реваншот од полуфиналето на Лигата на шампиони против Интер, инсистирајќи дека вчерашните неверојатни сцени по 2:0 поразот од Специја не бие закана за играчите, туку само охрабрување.

По поразот од Специја, шансите на Милан за топ 4 пласман се минимални, по што целиот тим, вклучувајќи го и тренерот Стефано Пиоли отидоа кај гостинските навивачи и стоеја додека навивачите зборуваа.

„Курва суд“ со соопштение ги повикаа фановите да се соберат во Миланело.

„Пред една година бевме собрани со нашите момци за да го прославиме големото остварување. Тоа што не чека во вторник е уште поголем тест. Сега, повеќе од било кога, да покажеме дека сме луѓе на Милан“, се вели во соопштението.

Scroll to Top