Уругвај го победи Бразил во Монтевидео со 2:0, во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Дарвин Нуњез, кој погоди во 42. минута и Николас де ла Круз во 77. минута, му донесоа победа на двократниот светски шампион.
Натпреварот го одбележа и повредата на Нејмар, кој беше изведен на носилки и во солзи, а се чини дека повредата е од посериозна природа.
Нејмар, најверојатно заработи повреда на лигаментите на коленото по дуелот со Де ла Круз.
It doesn’t look good as Neymar was crying 😢
Rivalry aside hope it’s a minor injury & he can be back playing again very soon 🙏 pic.twitter.com/RB9hbR0oSE
— Al Nassr Zone (@TheNassrZone) October 18, 2023
Уругвај и Бразил сега се изедначени во поредокот со по седум бодови, пет помалку од лидерот Аргентина.
Најубавата шанса на овој меч Бразилците ја имаа во 69. минута, кога Родриго од слободен удар ја затресе гредата.
Уругвај ја постигна првата победа против Бразил по 22 години, во квалификациите за Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја.