Последното коло во шпанската Ла лига ни донесе многу интересни дуели, во кои најважно беше кој ќе успее да осигура опстанок со шест тима со помалку или повеќе опасност за излегување од елитата.
На крајот, Валенсија, најзвучното име во оваа група успеа да осигра опстанок и покрај 1:1 ремито на гости кај Реал Бетис, за потоа Алмерија да стигне до драматично 3:3 реми со Еспањол, што значеше дека Реал Валјадолид се во втора лига по 0:0 ремито со Хетафе.
Алмерија имаше рано водство против Еспањол, за потоа да се врати на 2:2 по камбекот на домаќините, резултат кој им осигуруваше опстанок и го „туркаше“ Реал Валјадолид на 18. место, но Лука Калеошо постигна гол во 75. минута за 3:2 водство.
Во Севилја, во последниот меч за вечниот капитен Хоакин, Ајозе Перез им донесе водство на Бетис уште во првата минута, за потоа Диего Лопез во 71. минута да израмни на 1:1.
Во другите мечеви, шампионот Барселона загуби со 2:1 од Селта Виго, за кои ова дефинитивно беа три поени за опстанок.
ЛА ЛИГА, 38.КОЛО
Реал Бетис – Валенсија 1:1
Селта Виго – Барселона 2:1
Елче – Кадиз 1:1
Еспањол – Алмерија 3:3
Реал Валјадолид – Хетафе 0:0