Top Sport

(ВИДЕО) Верона остана, а Калјари се врати во Серија А

Верона успеа да слави против Специја со 3:1 во бараж натпреварот за останување во италијанската елита и следната сезона повторно ќе биде дел од Серија А. Давиде Фараони во петтата минута донесе водство за Верона, а израмни Ампаду само десет минути подоцна.

До крајот на првиот дел, Сирил Нгонге постигна два гола и обезбеди предност од 3:1 за Верона, а во вториот дел Мбала Н’Зола не искористи пенал за Специја во 68.минута. Претходно исклучен беше стрелецот на првиот гол за Верона, Давиде Фараони.

Калјари се враќа во елитното италијанско друштво откако го доби плеј-офот во Серија Б против Бари. На гостински терен, Калјари славеше со 0:1, откако првиот меч заврши 1:1. Стрелец на победничкиот гол беше Леонардо Паволети во 94.минута од мечот.

Scroll to Top