Top Sport

Закажан терминот за Суперкупот на Европа: „Граѓаните“ ќе ја предизвикаат Севилја во Грција

Фудбалерите на Манчестер Сити и Севилја ќе се сретнат во август во натпреварот од Суперкупот на Европа. Традиционално, победникот во Лигата на шампионите ќе игра против освојувачот на Лига Европа, за „круната“ на Стариот континент.

Натпреварот е закажан за 16 август, а локацијата е стадионот „Караискакис“ во Атина.

Првично, домаќин на спектаклот требаше да биде градот Казан, кој беше одреден во 2020 година, но поради исклучувањето на Русија од УЕФА поради војната, мораше да се најде ново решение, а во јануари беше одлучено тоа да биде стадионот на Олимпијакос.

Scroll to Top