Фудбалерите на Реал Мадрид им одржаа час по фудбал на колегите од Џирона и направија голем чекор кон враќањето на шампионската титула на своите витрини.
Вечерва Реал ја победи Џирона со 4:0. Реал сега има пет поени повеќе од Џирона на челната позиција.
Избраниците на Карло Анчелоти одиграа перфектен натпревар и покрај тоа што Италијанецот имаше огромни проблеми со повредените одбрамбени фудбалери, Џирона во текот на целиот натпревар не успеа да упати ниту еден удар во рамките на голот.
Дебаклот на Џирона го најави Винисиус Жуниор со спектакуларен гол во шестата минта. Бразилецот ја криераше акцијата во 35.минута кога Белингем зголеми на 2:0.
Винисиус беше главен актер и во 54.минута кога Белингем го постигна својот втор гол на натпреварот.
Веднаш потоа, Белингем ја напушти играта поради повреда на скочниот зглоб и му го препушти местото на Брахим Дијаз.
Реал во 61. минута постигна нов гол, Ридриго центарот тргна кон голот и со удар од 16 метри го матираше Газанига, за 4:0.
Во 90. минута Реал доби пенал, но ударот на Хоселу заврши во стативата.