Ѕвездата на Манчестер сити, Џек Грилиш продолжува со забавата по освојувањето на тројната титула, откако се релаксира на одмор на Ибица, каде што дури и беше диџеј заедно со австралискиот продуцент Диџеј Фишер во средата навечер.
27-годишниот Грилиш стана хит на социјалните мрежи по неговите пијани фотографии од прославата на тројната титула со тимот на Пеп Гвардиола, и очигледно забавата нема да сопре, откако тој се најде на едно од неговите омилени места, клубот „Хај“ на Ибица.
🎧 🎶 Jack Grealish behind the decks at Ibiza nightclub Hi with DJ Fisher.. #ManCity pic.twitter.com/2D6WWhsU5D
— Gabriel (@Doozy_45) July 7, 2023