Николо Ѕаниоло постигна два гола, Мауро Икарди додаде уште еден за Галатасарај да стигне до убедлива 3:0 победа во „Интерконтиненталното дерби“ во Турција против Фенербахче.
Галата веќе ја имаше осигурано титулата, така што остана само славјето пред домашната публика со победа над лутиот ривал. Поранешната ѕвезда на Рома, Ѕаниоло го отвори резултатот во 28. минута, а откако Луан Переш доби црвен картон во 61. минута, работата стана полесна за домаќините. Икарди во 71. минута зголеми на 2:0, за Ѕаниоло во 79. минута да ги постави конечните 3:0.