Top Sport

МЗТ Скопје на доминантен начин ја запечати својата десетта титула

МЗТ Скопје Аеродром по десетти пат ја освои македонската титула, триумфирајќи со 92:83 (21:24, 20:15, 27:18, 24:26) на гости кај Пелистер во Битола за убедлив 3:0 триумф во финалната серија, покажувајќи уште еднаш дека е доминантниот тим во македонската кошарка.

Пелистер покажаа дека се расположени за надигрување во првата четвртина, која ја добија со 24:21, но потоа, „металците“ го покажаа својот квалитет, правејќи пресврт во втората четвртина, за потоа рутински да ја запечатат победата, вторпат едноподруго против Пелистер.

Во последната четвртина Пелистер успеа да дојде само до -7 негатива, но немаа доволно сили за да го спречат славјето на гостите.

Клучот на МЗТ повторно беше Војдан Стојановски, кој со 33 поени и 7 скока беше убедливо најдобриот играч на МЗТ и несомнено освојувач на МВП наградата.

Фото: МЗТ Скопје

Scroll to Top