Натпревар во мал фудбал во Радовиш се претвори во жестока тепачка. На трибините „летаа“ столчиња, тупаници, имаше жестока пресметка меѓу навивачите, а полицијата не успеа веднаш да воспостави ред.
Во Спортско-рекреативниот центар „25 мај“ во Радовиш изминатите неколку дена се одржуваше традиционалниот турнир во мал фудбал по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, а турнирот на крајот најмногу ќе се памети по жестоката тепачка.
Видео материјалот го пренесе „Спорт 1“.