Немања Видиќ во една интересна анкета што ја спроведе на „Твитер“ Скај Спорт е прогласен за најдобар одбранбен играч во Премиер лигата. Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, освојувач на 15 трофеи со овој клуб за англиските медиуми открил против кои напаѓачи му било најтешко да игра.
„Мпјот прв тест беше Питер Крауч. Никогаш претходно не сум видел напаѓач од два метри. Играше за Ливерпул. Тогаш на „Енфилд“ се прашував што можам јас да направам против овој човек. Тогаш го видов Крег Белами, кој не беше добар техничар, но беше брз. Тој влегуваше во просторот, центрираше, а Крауч скокаше. Никогаш претходно немав видено таков фудбал. Никогаш се немав сретнато со класична „деветка“ и толку брз напаѓач“, рекол Видиќ.
Со години тој водеше „борби“ со Дидие Дрогба. а се сеќава и на Кун Агуеро односно Луис Суарез.
„ Дрогба е интелигентен играч што ви ги чита мислите, силен. За Агуеро сум убеден дека е роден како одбранбен играч. Точно знае каде ќе заврши топката и каде треба да нападне. Играв против него онаа сезона кога не водеше Мојс и кога изгубивме 4-1. Тоа беше мојот најлош мел во кариерата за Јунајтед. Луис Суарез е енергичен фудбалер и е поинаков од Агуеро. Тој не трча во текот на целиот натпревар. Суарез го користи инстинктот, напаѓа во бранови. Самиот не знае што прави, но му успева. Топката ќе мине низ нозете на противникот и ќе дојде до него и луѓето мислат дека е тоа случајно, но тој има способност да ве натера да згрешите“, заклучил Видиќ.