Top Sport

Тарнер до критичарите: Ние барем го прифативме повикот

Мајлс Тарнер, центарот на репрезентацијата на САД, одговори на критиките со кои се соочуваат неговите соиграчи по двата порази на Светското првенство во Кина.

Пред почетокот на подготовките на селекторот Грег Поповиќ му откажаа најголемите ѕвезди, а на крајот вкупно 39 играчи одбија од разни причини да играат за САД. Младиот тим не успеа да ја одбрани титулата, а на крајот ќе се бори за пласман на седмото место, што ќе биде најлош пласман за Американците во историјата на СП.

Американците на ова СП најпрвин загубија од Франција во четврт-финалето, а потоа и од Србија во борбата за пласман од 5 до 8 место.

Поради тоа избраниците на Поповиќ се соочени со големи критики.

„Овој тим жртвуваше многу работи. Нашето лето, нашите тела, нашите умови. Не го остваривме очекуваниот резултат и никој не е повеќе разочаран од нас поради тоа. Одбивам да толерирам било какви критики. Не можете да го преиспитувате нашиот однос кон играта, нашиот карактер, нашиот дух. Дадовме се од себе на секој натпревар. Немојте да покажувате непочитување кон нас, нашиот стручен штаб или Сојузот во целост. Кошрака играа сите и другите селекции се талентирани. Ние го прифативме повикот кога многумина го одбија. Успеавме да се квалификуваме за ОИ. Можеби овој пат бевме на погрешната страна на историјата, но токму поради тоа наредниот медал ќе биде уште последок“, напишал Тарнер.

САД за седмото место ќе играат против Полска.

Scroll to Top