Top Sport

Видовте ли како Перишиќ го прати Ван Дајк „по бурек“?

Дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дајк неодамна призна дека оваа сезона „не му е најдобрата во кариерата“ со променлива форма, но никој не очекуваше ветеранот Иван Перишиќ да го „прати по бурек“ во трилер 4:3 победата на Ливерпул над Тотенхем на „Енфилд“.

Во ситуација во која Тотенхем губеа со 3:0 по само 15 минути игра, Перишиќ во 39. минута му асистираше на Хери Кејн, откако претходно го „здроби“ холандскиот дефанзивец.

Тотенхем успеаја да се вратат за 3:3 во 93. минута, пред неполни две минути подоцна да примат гол и да загубат со 4:3.

Scroll to Top