Top Sport

Тешка победа над Турција за „заверка“ на пласманот на ЕП 2024

Македонската ракометна репрезентација по осми пат ќе игра на Европските првенства откако во последниот меч од квалификациите за ЕП во 2024 со 30:27 (15:15) ја совлада Турција за да го освои второто место во групата 1 зад Португалија.

Првото полувреме, покрај рамноправната борба беше одбележано со посериозната повреда на ФИлип Кузмановски, кој мораше да биде изнесен о теренот. Македонија имаше водство од четири гола, 9:5, но Турците се вратија и до крајот на полувремето израмнија на 15:15. Второто полувреме не почна најдобро за Македонија, откако Турција поведе со 18:15 и имаше предност од 20:24, пред да стигнеме до израмнување на 24:24 на десет минути до крајот, за потоа ад ја преземеме контролата и да ја запечатиме победата.

Мартин Томовски беше одличeн на голот на Македонијa со 15 одбрани, додека во нападот Жарко Пешевски и Марко Митев имаа по пет гола. Кај Турција Али Тинкир заврши со пет гола.

Ова беше последен натпревар во репрезентативниот дрес за долгогодишниот член на националниот тим, Гоце Георгиевски.

Фото: РФМ

Scroll to Top