Top Sport

Виеира не ја издржа провокацијата и го истепа навивачот на Евертон

Менаџерот на Кристал Палас, Патрик Виеира, скандалозно истепа навивач на Евертон кој го провоцираше по синоќешниот пораз од Евертон на „Гудисон парк“, но, сепак, последното видео докажува дека доби и сериозна провокација токму од настраданиот фан.

На снимката се гледа како навивачот на Евертон го навредува Патрик Виеира со пцовки и му покажува среден прст.

Француската легенда не издржа и почна да го удира со раце и нозе, а навивачот го спасија останатите фанови на Кристал Палас.

Scroll to Top