Top Sport

Русинот Павел Андреев ќе биде нов пикер на Вардар

Ракометниот првак Вардар е на прагот да ја потврди двојната круна оваа сезона, а раководството полека го оформува ростер за идната година. После Цехте, Анѓелиќ и Дуарте, четврто засилување за Вардар треба да рускиот репрезентативен кружен напаѓач Павел Андреев.

Андреев има 29-години (194/105), доаѓа од рускиот шампион Чеховски Медведи, каде настапува од 2006 година. Тој шест сезони беше дел од Лигата на шампионите со рускиот првак, а последните две играше во Лигата на Европа.

Вардар ќе има промени на пикерската позиција, Тото и Валчак, а Андреев треба да му се придружи на Стојанче Стоилов на пивотменската позиција.

Scroll to Top