Top Sport

Виера без влакно на јазикот: Балотели е потпросечен! (видео)

Тренерот на Ница, Патрик Виера призна дека неговиот напаѓач, контроверзниот Марио Балотели бил „помалку од просечен“ во текот на нивната гостинска 1:0 победа над Ним во Лига 1 во саботата.

Гостите имаа предност со играч повеќе по 20-тата минута, кога Фаитут Мауаса доби втор жолт картон, пред Лоик Андре да добие директен црвен пред полувремето. И покрај тоа што имаа два играчи повеќе, Ница дојде во водство дури по еден час игра преку голот на Јусеф Атал.

Балотели имаше само два удари на голот во 75 минути во кои играше и останува без гол и асистенција оваа сезона и Виера не е импресиониран.

„Ќе ги земем трите поени со чувство дека имаме многу работа пред нас. Мораме во иднина да спречиме вакви натпревари ако сакаме да одиме напред. Сите, најмногу Марио Балотели бевме потпросечни. Но, добро е што тој се лутеше кога го заменив, бидејќи тоа значи дека сака да работи“, вели Виера.

Балотели имаше лош натпревар во кој беш на мета на домашните навивачи, кои го свиркаа по лошо додавање на почетокот на второто полувреме, пред да им прати бакнеж кога беше заменет.

Фото: ЕПА

Scroll to Top