Кристал палас стигна до фантастична 3:0 победа над Арсенал, правејќи им „сопка“ во трката за топ 4 пласман во Премиерлигата во меч во кој легендата на „топчиите“, Патрик Виера имаше слатка победа над поранешниот тим како менаџер на домаќините.
Жан-Филип Матета во 16. минута донесе водство за Палас, за само осум минути подоцна Џордан Ају неочекувано да го удвои водството. Победата беше запечатена во 74. минута од мечот, кога Вилфрид Заха од пенал го постигна и третиот гол.
Поразот ги остава Арсенал на петтото место во Премиерлигата со 54 поени, колку што имаат и Тотенхем на четвртото место (иако „топчиите“ имаат меч помалку), а во битка за топ 4 уште се и шестопласираните Вест хем и седмопласираните Манчестер јунајтед со 51 поен. За Палас ова е трета победа во последните пет меча (во кои се непоразени) за да се искачаат на 9. место на табелата со 37 поени.