Top Sport

Виери: Интер е подобар тим од Милан

Поранешниот италијански репрезентативец Кристијан Виери смета дека Интер е фаворит во полуфиналето од Лигата на шампионите против градскиот ривал Милан.

Милан и Интер вечерва од 21 часот го играат првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, а реваншот е закажан за шест дена.

„Интер е во подобра форма. Три натпревари, девет бода, 11 постигнати голови. Сепак, дали прашање е дали во полуфиналето ќе го имаме Милан кој тесно загуби од Кремонезе или тој што лесно го победи Лацио? Интер е подобар затоа што има посилен тим од Милан. Теоретски не можат да загубат од никого“, изјави Виери.

Тој истакна дека Милан ќе биде во големи проблеми доколку Рафаел Леао не може да настапи на денешниот натпревар.

„Тоа би му одзело 50 отсто од силата на Милан. Тој и Тео Ернандез се играчите кои му даваат сила на Милан, особено на вакви натпревари. Леао е играч кој има способност сам да го смени текот на натпреварот“, смета Виери.

Виери изјави дека Лаутаро Мартинез би можел да биде напаѓачката сила на Интер.

– Фактите зборуваат сами за себе. Го освои Светското првенство, постигна 23 гола во Серија А. Дава голови кога и да игра. Леао имаше подеми и падови, но во последно време го дава она што се очекува од него – заклучи Виери, кој во кариерата настапуваше и за двата милански клуба.

Scroll to Top