Top Sport

Вечерва е ждрепката за ЕП во ракомет

Вечерва во Дизелдорф ќе бидат извлечени групите за Европското првенство, кое од 10. до 28.јануари 2024 година ќе се одржи во Германија.

На континенталниот шампион место има и за Мекедонија. Нашата репрезентација, противниците ќе ги чека од третиот шешир, во кој се: Чешка, Полска, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина. Овие пет селекиции не можат да им бидат противници на македонските ракометари.

Со ждрепка ќе бидат одредени четири групи со по шест репрезентации. Понатаму ќе одат најдобрите две репрезентации од секоја група.

Носители: Франција, Шведска, Данска, Шпанија, Исланд и Норвешка
Втор шешир: Словенија, Унгарија, Холандија, Германија, Португалија, Австрија
Трет шешир: Македонија, Чешка, Полска, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина
Четврти шешир: Црна Гора, Фарски Острови, Грузија, Швајцарија, Романија, Грција

Ждрепката во Дизелдорф ќе започне во 17.45 часот.

Фото: РФМ

Scroll to Top