Top Sport

Вилаш-Боаш: Нејмар најдобро знае како се страда со лажни обвинувања

Олимпик Марсеј целосно стојат зад својот дефанзивец Алваро Гонзалез, кој беше обвинет од Нејмар дека го навредувал на расна основа за време на бурното дерби во неделата кога Марсеј победи со 1:0 на „Паркот на принцовите“, првпат од 2011 година.

Пари Сен-Жермен вчера објавија дека стојат зад Нејмар и бараат ЛФП целосно да го истражи инцидентот кој се случи во финишот на натпреварот, кога пет фудбалери добија црвени картони. Тренерот на Марсеј, Андре Вилаш-Боаш вели дека не верува дека постоел расистички инцидент.

„Ние сме зад фудбалерот и ја бараме вистината. Сигурни сме дека Алваро не е расист, бидејќи Олимпик Марсеј претставува мултикултуралност како тим. Мислам дека ќе дојдеме до вистината. Нејмар најдобро знае како се страда со лажни обвинувања, кога го обвинија за силување во 2019 година. Тој страдаше и знае какво влијание имаат зборовите кога обвинувањата се лажни. Не е добро за Алваро. Двата клуба ќе дојдат до вистината“, вели Вилаш-Боаш.

Има ли доказ за расизмот против Нејмар? Во ПСЖ веруваат во тоа

Scroll to Top