Top Sport

Жиру: Толку сакав да заминам, што за малку ќе отидев во Тотенхем

Напаѓачот на Челси, Оливие Жиру признава дека бил „очаен“ да си замине од клубот минатата зима, што дури размислувал за трансфер во лутите ривали Тотенхем.

Французинот пристигна во Челси од Арсенал во 2018, откако за „топчиите“ постигна 105 гола во 253 настапи. По само две сезони на „Стемфорд бриџ“, се веруваше дека тој ќе замине минатата зима, пред да се избори во првиот тим на Френк Лампард во вториот дел од сезоната и да постигне 10 гола во 25 меча.

„Во последните три дена од преодниот рок, бев во канцеларијата на тренерот за да најдам решение. Се надевав дека Челси ќе најдат замена за мене. За малку ќе бев во Лацио, Интер… Толку бев сигурен дека треба да си одам, што ќе завршев во Тотенхем“, признава Жиру.

Тој вчера повторно беше на клупата при 3:1 победата на гости кај Брајтон, и повторно е мета на шпекулации дека ќе замине од Лондон.

Scroll to Top