Досегашниот фудбалер на Кристал Палас, Вилфрид Заха, е слободен агент и има многу понуди. 30-годишниот играч може да бира каде ќе ја продолжи кариерата, а како што пренесуваат медиумите во Англија, Заха устмено се договорил со три клуба, со Ал-Наср, Фенербахче и со Лацио.
На поранешниот напаѓач на Кристал Палас му истече договорот на 30 јуни.
Заха беше одличен во Кристал Палас, а во еден дел од кариерата беше и член на Манчестер Јунајтед каде не доби вистинска можност.