Нотингем форест на последниот ден од преодниот рок го донесоа неверојатното 19. засилување, централниот бек на Вулверхемптон, Вили Боли. 31-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, потпиша двегодишен договор со новиот премиерлигаш, откако не се појави на тренинзите на Вулфс барајќи трансфер.
Боли помина четири години во Вулверхемптон, со 147 настапи и 9 постигнати гола.
Форест, кои играат во Премиерлигата првпат по 23 години, освоија четири поени во првите пет меча од новата сезона, но вчера беа декласирани со 6:0 од шампионот Манчестер сити.
Welcome to Nottingham Forest, Willy Boly ❤️#NFFC | #PL
— Nottingham Forest FC (@NFFC) September 1, 2022