Португалскиот репрезентативец и долгогодишен капитен на Спортинг Лисабон, Вилијам Карваљо, кариерата ќе ја продолжи во Шпанија.
Поертугалскиот весник „Рекорд“ пишува дека клубот преговара со Бетис и дека фудбалерот е блиску до трансфер на „Бенито Виљамарин“.
Шпанскиот клуб понудил 20 милиони евра за фудбалерот, што е повеќе од сумата што за Карваљо биле подготвени да ја платат Вест Хем јунајтед и Интер.
Вилијам Карваљо кариерата ја започнал во 2011 година во Спортинг, за „лавовите од Лисабон“ има одиграно 143 натпревари на кои постигнал 10 гола.
Бетис со овој трансфер ќе го надомести зљминувањето на Фабијан Руис во Наполи, за сума од 30 милиони евра.