Top Sport

Вилијам Салиба е желба на ПСЖ

Францускиот шампион Пари Сен Жермен е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салибa. Парижаните се надеваат дека ќе го убедат 21-годишниот француски интернационалец да се приклучи на составот на „светците“.

Договорот на дефанзивецот со „топчиите“ истекува следното лето.

Арсенал, пак, има опција да го продолжи договорот на уште една година, но клубот допрва треба да ја реализира. Сезонава Салиба има два гола и една асистенција на 17 натпревари за тимот на Микел Артета во сите натпреварувања.

Scroll to Top